|
Бесплатна достава над 2500 денари
×

Кошничка

Вкупно:
0 ден.

Тајната соба на Худини

„Тајната Соба на Худини“ е Escape Room игра во кутија на македонски јазик, наменета за деца 9+ и за целото семејство. Играта нуди вистинско escape room искуство дома, со физички материјали, загатки, мистерија и помошна мобилна апликација за хинтови, тајмер и проверка на одговори.

1.490 ден.

Достапност: Има на залиха
Опис

Во срцето на Будимпешта стои стара куќа — некогашен дом на Худини, а денес претворена во музеј. Но зад нејзините ѕидови сè уште се кријат тајни. Еден ден откривате скриена врата, влегувате внатре… и вратата зад вас се затвора. Играта започнува.

„Тајната Соба на Худини“ е escape room игра во кутија на македонски јазик што ги носи децата и возрасните во вистинска мистериозна авантура дома. Играчите решаваат загатки, отвораат пликови, составуваат елементи и внесуваат кодови за да напредуваат низ приказната.

Играта е наменета за 1–5 играчи, за возраст од 9+ години, а едно играње трае околу 60–90 минути. Мобилната апликација служи како помошен алат за хинтови, проверка на одговори, тајмер, музика и гласовни водичи, додека главното искуство се одвива со физичките елементи од играта.

Ова е еднократна игра што создава реално, возбудливо и незаборавно escape room искуство во вашиот дом.

Што содржи кутијата?

  • Илустрации и материјали со загатки
  • Елементи за креирање 3D фигури
  • 4 плика, од кои 2 се заклучени со катанци
  • Лепак
  • Маркер
  • Сè што е потребно за игра, без дополнителна подготовка

Плаќање при достава или со картичка
Безбедно купување
Поддршка 08:30–16:00
Одличен избор за подароци